Достапни линкови

Северна Кореа објави амнестија


Северна Кореа објави амнестија за затворениците во рамките на одбележувањето на родендените на поранешните севернокорејски лидери Ким Ил Сунг и Ким Џонг Ил. Амнестијата ќе важи од први февруари, но не се прецизира кои и колку затвореници ќе бидат опфатени со неа. Организациите за човекови права претпоставуваат дека илјадници луѓе се затворени поради политички причини. На 16 февруари ќе биде одбележена 70 годишнината од раѓањето на Ким Џонг Ил, додека на 15 април, 100 годишнината од раѓањето на неговиот татко и основач на Северна Кореа Ким Ил Сунг.
XS
SM
MD
LG