Достапни линкови

logo-print

Вељаноски во официјална посета на Косово


Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски денеска ќе ја оствари својата прва официјална посета на Косово. Тој ќе има средби со претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи, со косовската претседателка Атифете Јахјага и со премиерот Хашим Тачи. Во состав на македонската делегацијата ќе бидат и пратениците Јани Макрадули, Талат Џафери, Светлана Карапетрова и Беким Фазлиу, кои се членови на групата за соработка на Собранието на Македонија со парламентот на Косово.
XS
SM
MD
LG