Достапни линкови

Во бомбашки напад во Пакистан најмалку 26 загинати


Најмалку 26 луѓе загинале, а 60 биле ранети во денешната експлозија што се случила на еден пазар во Џамруд во северозападниот дел на Пакистан, соопштија локалните власти. Се верува дека не станува збор за самоубиствен напад, туку дека бомбата била закопана во земја. Овој дел на Пакистан се граничи со Авганистан и е главно упориште за Ал Каеда и за авганистанските талибанци.
XS
SM
MD
LG