Достапни линкови

Лионел Меси по трет пат најдобар фудбалер на светот


Лионел Меси

Лионел Меси

Лионел Меси три години за ред е најдобар фудбалер на светот. 24 годишниот аргентинец, кој игра за Барселона вчера ја доби престижната Златна топка на ФИФА за најдобар фудбалер во минатата година. Конкуренти му беа Кристијано Роналдо и Чави Хернандез. Меси е првиот фудбалер кој ја освојува оваа титула три години за ред. На церемонијата во Цирух, за најдобра фудбалерка беше прогласена јапонката Хомаре Сава.
XS
SM
MD
LG