Достапни линкови

Франција и Британија со осуда за Иран


Франција и Британија го осудија почетокот на употребата на збогатен ураниум во подземни простории во Иран. Според француските власти, станува збор за сериозно прекршување на меѓународните закони. Агенцијата за нуклеарна енергија при Обединетите нации во понеделникот потврди дека Иран почнал да збогатува ураниум во институцијата Фордо, лоцирана на 150 километри југозападно од Техеран. Согласно одредени извештаи, горивото лесно може да се употреби за производство на нуклеарни боеви глави.
XS
SM
MD
LG