Достапни линкови

Папуљас не сака да сведочи на судењето против Караџиќ


Грчкиот претседател Каролос Папуљас.

Грчкиот претседател Каролос Папуљас.

Грчкиот претседател Каролос Папуљас одби да сведочи во процесот против Радован Караџиќ во Хашкиот трибунал. Папуљас го извести Судот со посредство на грчката Амбасада во Хаг дека не го прифаќа барањето на поранешниот лидер на босанските Срби да се појави како сведок на одбраната во процесот.

Караџиќ е обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и нарушување на законите и обичаите на војување за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Во периодот меѓу 1993 и 1996 година Папуљас беше министер за надворешни работи на Грција.
XS
SM
MD
LG