Достапни линкови

Данска - Решавање на спорот за името, па евроинтеграции за Македонија


Решавање на спорот за името останува предуслов за напредување на Македонија во евроинтеграциите и за време на претседавањето на Данска со ЕУ, изјави денеска во Атина данскиот амбасадор во Грција Том Норинг.

Претставувајќи ги приоритетите на неговата земја за време на шестмесечното претседавање со ЕУ, тој појасни дека Данска го поддржува процесот на проширување, подвлекувајќи притоа дека земјите кандидати мора да ги исполнат критериумите и условите поставени од ЕУ.

„Не постои влез од задната врата. Прво мора да се реши прашањето за името. Ги охрабруваме двете страни да најдат заемно прифатливо решение во рамки на процесот што се води под покровителство на ОН“, рече Норинг, одговорајќи на новинарско прашање за евроинтеграцијата на Македонија.
XS
SM
MD
LG