Достапни линкови

Скапиот гас и скапите транспортни трошоци ги прават македонските фирми неконкурентни на европските пазари, се жалат стопанствениците.

Македонија има најскап гас и транспортни трошоци во однос на другите земји од регионот, се жалат извозните компании, кои се најпогодени од кризата со што тие ја губат конкурентноста на пазарот.
Очигледно дека интензивирање на гасоводот, гасификацијата на Македонија, се гледа како имеператив и Владата тука сите напори треба да ги вложи за да може да го забрза тој процес и второ, таа регулатива што постои да се либерализира за да може да дојде тука поевтин гас, што ќе понуди подобри услови.

Александар Панов од Макстил вели дека проблем е монополот во снабдувањето со гас, поради кој нема здрава конкуренција и затоа тие се принудени да ги прифатат единствените услови кои им се нудат.

„Сега како што е состојбата ние немаме избор, немаме моќ, ние сакале не сакале, со оглед дека тоа ни е единствен ресурс мораме да го користиме со овие цени.“

А ист е случајот и со железничкиот транспорт, додава Панов.

„Ние немаме договарано, немаме прифаќано, бидејќи 80 проценти од нашиот транспорт е железнички, Потребна е модернизација и на железничкиот сообраќај

Потребна е модернизација и на железничкиот сообраќај

значи 20 проценти дали може да биде алтернативен транспорт со камиони и ние немаме договор. Нам едноставно ни се дава - ако сакате прифатете, ако сакате не прифаќајте, а со оглед дека немаме алтернатива прифаќаме што ќе ни се понуди.“

Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори вели дека скапиот транспорт и енергенси негативно
За целото стопанство, особено за малите и средни фирми, скапиот гас, скапата елктрична енергија и транспорт многу ќе ги погоди, затоа што тие се импути во производството и ќе го поскапат протизводството и ќе ги направат неконкурентни на странските пазари.

влијаат врз стопанството, особено во време на економска криза, бидејќи тие се основните предуслови за да ја зголемат конкурентноста.

„Со тоа ќе порасне потрошувачката на гас и ќе пораснат цените што ќе биде еден јак стимул за развој на македонската економија. Уште едно прашање кое треба да се реши во Македонија е да се инвестира во железничкиот сообраќај, да се модернизира и со тоа да се намалат цените и да се подобри организацијата.“

Според Панов, Владата мора да преземе мерки за побрзо да се изврши гасификацијата на Македонија.

„Очигледно дека интензивирање на гасоводот, гасификацијата на Македонија, се гледа како имеператив и Владата тука сите напори треба да ги вложи за да може да го забрза тој процес и второ таа регулатива што постои да се либерализира за да може да дојде тука поевтин гас, што ќе понуди подобри услови и само на таков начин ќе може да имаме ценовно ист или приближен гас со опкружувањето и со европските потрошувачи на гас.“

Во земјава има и закон за либерализација на железничкиот транспорт, меѓутоа се уште нема конкуренција, иако досега имаше заинтересирани компании. Панов вели не знае која е причината, но потребен е втор оператор.

„Подолго време се зборува да влезе и втор оператор, која е причината не би сакал во името на Владата да одговарам, но дека е потребно тоа е сигурно, затоа што исто така ќе створи една здрава конкуренција, затоа што се што е монопол, се што не можеш да створиш една здрава алтернатива, практично е ненеприфатливо, него скапо и ти мораш да го прифатиш како конечна одлука.“

И Чекреџи е согласен дека добар стимул за економијата би било земјата што поскоро да се гасифицира и транспортот да се модернизира.

„За целото стопанство, особено за малите и средни фирми, скапиот гас, скапата елктрична енергија и транспорт многу ќе ги погоди, затоа што тие се импути во производството и ќе го поскапат протизводството и ќе ги направат неконкурентни на странските пазари.“

Споредбено со другите земји, фирмите плаќаат за 50 насто повисоки цени за тон по километар за транспорт на нивните производи и околу 150 долари повеќе за 1.000 метри кубни гас.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG