Достапни линкови

Орка Холдинг ги купи Дневник, Утрински весник и Вест


Медиумската групација ВАЦ и ги продаде на Орка Холдинг своите удели во трите дневни весници Дневник, Утрински весник и Вест, соопшти денеска Медиа Принт Македонија.

Двете страни го задржуваат правото на дискреција околу купопродажната цена. Продажбата е дел од стратегијата на ВАЦ најавена во август 2010 година за оттуѓување на уделите на фирмите во Југоисточна Европа.

Од Медиа Принт Македонија информираат дека во текот на процесот групацијата ВАЦ разгледувала и неколку други понуди.

Медиумската групација ВАЦ влезе на македонскиот медиумски пазар во 2003 година и имаше преземено мнозински удели во дневните весници Дневник, Утрински весник и Вест.
XS
SM
MD
LG