Достапни линкови

Полски воен обвинител се обиде да се самоубие по прес-конференција


Воена полиција стражари пред канцеларијата на воениот обвинител во Познањ.

Воена полиција стражари пред канцеларијата на воениот обвинител во Познањ.

Полски воен обвинител денеска се обиде да се самоубие откако ја прекина прес-конференцијата на која тој ја бранеше воената истрага за тоа од каде протекле информациите од истрагата за авионската несреќа во која загина претседателот Лех Качински пред две години.

Воениот обвинител Миколај Пжибил е пренесен во болница, откако бил пронајден во локва крв во неговата канцеларија во градот Познањ, но не е во животна опасност.

Кратко пред тоа, тој ги замолил новинарите да излезат од неговата канцеларија, откако ги критикувал медиумите за објавување протечени информации од истрагата. Тој рекол дека Обвинитеклството има право да ги побара листинзите од телефонските разговори на новинарите што пишувале за истрагата.
XS
SM
MD
LG