Достапни линкови

logo-print

Украден Пикасо од Националната галерија во Атина


Пабло Пикасо во Кан во 1957 година.

Пабло Пикасо во Кан во 1957 година.

Слика од Пабло Пикасо е меѓу украдените дела од Националната галерија во Атина. Сликата „Глава на жена“ е подарена на галеријата во 40-тите години од минатиот век.
Кражбата на две уметнички дела се случи утрово. Тие исчезнаа за време на последниот ден од изложбата „Непознати богатства“, која, меѓу останатите, вклучува и творби на Дирер и Рембрант.

Алармот се активирал нешто пред пет часот изутрината, а обезбедувањето забележало силуета на човек како бега.

Галеријата се наоѓа во центарот на грчкиот главен град и било предвидено по изложбата таа да биде затворена за реконструкција. Таа располага со голема постојана колекција на поствизантиска уметност и мала колекција со ренесансни дела и неколку слики на Ел Греко.
XS
SM
MD
LG