Достапни линкови

Обвинителството бара доживотен затвор за напаѓачот од Франкфурт


Обвинетиот 21-годишен Арид Ука со адвокатката Михаела Рот пред регионалниот суд во Франкфурт.

Обвинетиот 21-годишен Арид Ука со адвокатката Михаела Рот пред регионалниот суд во Франкфурт.

Германското обвинителство побара доживотен затвор за германскиот државјанин со косовско потекло, кој уби двајца американски војници на аеродромот во Франкфурт. Обвинетиот 21-годишен Арид Ука на 2 март минатата година почна да пука кон американските војници што од аеродромот во Франкфурт патуваа за Авганистан, при што уби двајца, а други двајца беа ранети.

На нападите се гледаше како на први исламистички напади на германска почва.

Обвинетиот Ука е роден во Косовска Митровица во северно Косово, но пораснал во Германија. Тој дејствувал сам и не бил член на терористичка организација.

Пресудата се очекува на 19 јануари.
XS
SM
MD
LG