Достапни линкови

logo-print

На тигарот Спасов да му се суди за убиство


Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар на 29 септември 2011.

Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар на 29 септември 2011.

На денешното последно рочиште за случајот Нешкоски, Обвинителството побара Спасов да биде осуден за убиство на Мартин Нешковски.

Јавното обвинителство побара од судот да не се земе предвид одбраната на специјалецот Игор Спасов, обвинет за убиството на младиот Мартин Нешкоски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на 5 јуни минатата година на плоштадот Македонија во Скопје.
Одбраната на обвинетиот Спасов е неоснована затоа што доказите и исказите на сведоците укажуваат на убиство со умисла.

Во завршните зборови на Обвинителството е наведено дека одбраната на обвинетиот Спасов е неоснована затоа што доказите и исказите на сведоците укажуваат на убиство со умисла.

Обвинетителката додаде дека распоредот за работен ангажман на Министерството за внатрешни работи укажува дека работното Од протестите против полициска бруталност

Од протестите против полициска бруталност

време на специјалецот завршило половина час пред полноќ, односно пред да се случи инцидентот што значи дека Спасов бил самоиницијативно на прославата каде што го извршил убиството.

Во завршните зборови на Обвинителството беа сумирани доказите и исказите на сите сведоци. Сослушувањето се уште трае, се очекува, по обвинителката, со завршни зборови да се обратат и од одбраната на Спасов и адвокатот на семејството Нешкоски.

Овој пат во судницата обвинетиот Спасов се појави избричен и потстрижан, додека за време на сослушување на сведоците тој беше со долга брада и подрасната коса, видно ослабен, па голем дел од сведоците на настанот не можеа со сигурност да го идентификуваат напаѓачот.

Мал број од очевидците за време на судскиот процес ја потврдија веродостојноста на исказот на Спасов. Останатите, кои беа значително мнозинство, говореа за една сосема поинаква верзија на настаните.

Еден од очевидците изјави дека такво крвничко тепање видел само на филм, додека друг кажа дека по настанот не можел мирно да спие. Оние очевидци кои се обиделе да пристапат до Мартин во тоа време, биле спречени од страна на полицаец во цивилна облека кој се легитимирал, на дел им било речено да бегаат и нив да не ги снајде истото.

По денешните заврши зборови на одбраната и обвинителството се очекува пресудата да биде донесена за најдоцна една недела.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG