Достапни линкови

Арапската Лига повторно ја повика Сирија да ги запре насилствата


Арапската лига повторно ја повика владата на Сирија да ги спречи насилствата против демонстрантите во таа земја и да им дозволи на набљудувачите понезависна истрага. На средбата што се одржа во неделата во Каиро министрите од Арапската лига изразија надеж за зголемување на бројот на набљудувачи во наредните неколку дена од 160, колку што се сега, на 300. Мисијата на Арапската Лига во Сирија почна на 26 декември и се соочува со критики дека не даваат резултат нејзините напори за ставање крај на насилствата на сирискиот режим против демонстрантите.
XS
SM
MD
LG