Достапни линкови

Иранскиот претседател пристигнува во Венецуела


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска пристигнува во Венецуела каде што ќе има средба со венецуелскиот претседател Хуго Чавез. Од Венецуела тој ја почнува својата турнеја во неколку земји од Латинска Америка. По Каракас, Ахмадинеџад се очекува оваа недела да ги посети Никарагва, Куба и Еквадор. Спроти посетата на иранскиот претседател, САД ги повикаа латиноамериканските држави да не ги унапредуваат нивните релации со Иран, чиј режим се соочува со меѓународен притисок, вклучително и со санкции поради својата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG