Достапни линкови

Израел го зголеми воениот буџет


Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во неделата навечер најави зголемување на буџетот за одбраната за 6 проценти односно за речиси 700 милиони долари, и покрај предлозите за поголемо финансирање на социјалната помош. Нетањаху првично се залагаше за препораките од извештаите на економиститите, направени на негово барање, да одговори на социјалните протести кои на крајот од летото го потресуваа Израел. Расходите за одбраната со новиот буџет достигнаа 14 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG