Достапни линкови

Арапска лига - Повеќе набљудувачи во Сирија


Антивладини протести во градот Саракиб во Сирија.

Антивладини протести во градот Саракиб во Сирија.

Министрите за надворешни работи од земјите од Арапската лига изјавија дека се потребни повеќе набљудувачи во Сирија и поголема независност на терен. Тие денеска се сретнаа во Каиро да разговараат за набљудувачката мисија на Лигата во Сирија.

Мисијата, која пристигна во Сирија на 26 декември, се најде на мета на критики дека не успеала да го запре насилството во земјата. Сириската опозиција ја повика Арапската лига да признае дека мисијата е неуспешна и нагласи дека сириското прашање треба да им биде предадено на ОН.

Катарскиот премиер Шеик Хамад бин Јасим ал-Тани, пред средбата рече дека сирискиот режим не ги исполнил условите од мировниот план на Арапската лига. Тој рече дека сириските сили не се повлекле од градовите и оти не е ставен крај на убивањето.
XS
SM
MD
LG