Достапни линкови

logo-print

САД ќе одговорат ако Иран се обиде да го затвори Ормускиот Теснец


Ирански воени вежби во близина на Ормускиот Теснец.

Ирански воени вежби во близина на Ормускиот Теснец.

САД најавија дека ќе одговорат ако Иран се обиде да го затвори стратешкиот Ормуски Теснец на влезот во Персискиот Залив. Секретарот за одбрана Леон Панета изјави дека таков чекор од Иран би ја преминал „црвената линија“.

Шефот на здружените сили генерал Мартин Демпси, пак, рече дека ако Иран го затвори, САД „ќе преземат акција и повторно ќе го отворат Теснецот“.

Овие американски реакции доаѓаат откако Техеран се закани дека ќе го блокира Ормускиот Теснец, стратешки за светската трговија со нафта, ако ЕУ воведе ембарго за увоз на нафта од Иран.
XS
SM
MD
LG