Достапни линкови

Ирачката полиција се извини за стореното во времето на Садам Хусеин


Илустрација: Ирачката полиција покажува уапсени милитанти.

Илустрација: Ирачката полиција покажува уапсени милитанти.

Ирачката полиција денеска се извини за делата сторени за време на владеењето на Садам Хусеин. Во писмената изјава од Министерството за внатрешни работи се вели дека полицијата „била принудена да прави работи кои не биле нивна должност“.

Изјавата е објавена во пресрет на 90-годишнината од основањето на ирачката полиција во 1922 година.

Сепак, и покрај извинувањето за делата од минатото, ирачките безбедносни сили - полицијата и армијата, се уште се соочуваат со критики од организациите за човекови права за голема пристрасност, случајни апсења и злоупотреби.
XS
SM
MD
LG