Достапни линкови

Докузовски не е веќе селектор на кошаркарите


Селекторот Марин Докузовски и кошаркарите беа свечено пречекани по враќањето од ЕП во Литванија каде што го освоија четврото место.

Селекторот Марин Докузовски и кошаркарите беа свечено пречекани по враќањето од ЕП во Литванија каде што го освоија четврото место.

Марин Докузовски нема да ја предводи машката македонска кошаркарска репрезентација во квалификациите за Олимписките игри во Лондон 2012.

На средбата меѓу претседателот на Македонската кошаркарка федерација, Даниел Димевски и сега веќе поранешниот селектор на репрезентацијата Докузовски, договорено е тој во иднина да ја има улогата на советник на новиот предводник на кошаркарите, кој ќе биде познат најдоцна до крајот на овој месец.

Ваквото решение доаѓа по одлуката Докузовски својата професонална кариера да ја продолжи како тренер на бугарскиот клуб Лукоил Академик од Софија.

Македонската кошаркарска репрезентација, која на последното ЕП во Литванија го освои 4 место, од 2 до 8 јули во Венецуела, ќе игра на квалификацискиот турнир преку кој ќе се обиде да обезбеди пласман на ОИ во Лондон.
XS
SM
MD
LG