Достапни линкови

Прилеп - регионален лидер по криминал, ама безбеден


Архивска фотографија: Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска разгледуваат запленет хероин во април 2009 година.

Архивска фотографија: Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска разгледуваат запленет хероин во април 2009 година.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски вели дека во Прилеп можеби има повеќе криминал од Битола, Ресен и Демир Хисар заедно.

Прилеп е безбеден град за живот, иако според бројот на направени кривични дела води во поширокиот регион, oценува Љупчо Тодоровски, директорот на Бирото за јавна безбедност. Оваа ситуација, вели, се должи на фактот што најголем дел криминални групи, долгогодишни сторители на кривични дела се откриени, а со новите методи на полицијата се превенираат и спречуваат нови кривични дела.
По моите проценки и можеби следниот пат кога ќе се носи Законот за полиција јас ќе барам Прилеп да биде Сектор за внатрешни работи, затоа што по бројот на направени кривични дела предничи пред Битола, а можеби и пред Битола, заедно со Демир Хисар и Ресен.

„Безбедносната состојба во Прилеп е добра, затоа што сите оние криминални групи кои беа наша цел и вршеа тешки кривични дела, поголем дел од нив се елимирани. Останаа некои поединци кои вршат кривични дела надвор од градот, а кои сепак, ни се под контрола. И моја проценка е дека градот е помирен од минатата и од претходните години.“

Тодоровски најавува и своја заложба, при следните реформи во полицијата, сегашната полициска станица во Прилеп, повторно да добие статус на Сектор за внатрешни работи.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.


„Некогаш се правела таа регионална полициска распределба, во која што јас не сум учествувал, безбедносната поделба кога била направена, Прилеп е направен полициска станица. По моите проценки и можеби следниот пат кога ќе се носи Законот за полиција јас ќе барам Прилеп да биде Сектор за внатрешни работи, затоа што по бројот на направени кривични дела предничи пред Битола, а можеби и пред Битола, заедно со Демир Хисар и Ресен. Значи до тогаш не може да се промени“, вели Тодоровски.
Безбедносната состојба во Прилеп е добра, затоа што сите оние криминални групи кои беа наша цел и вршеа тешки кривични дела, поголем дел од нив се елимирани.

За подобрување на условите за работа во сегашната полициска станица извршена е реконструкција на дел од работните простории, како и просториите каде што времено се задржуваат дел граѓани. Оваа санација на дел од објектот e извршена со средства од МВР и Европската комисија. А, за да се подобри безбедноста, јавниот ред и мир во градот и градоначалникот Марјан Ристески најави нов проект.

„Во поглед на подобрување на сообраќајниот режим во градот, кој е исто така е наш приоритет, исто така и зголемување на безбедноста, во иднина ќе работиме еден заеднички проект со МВР, можеби ќе користиме некој од фондовите од ЕУ или други фондови достапни за видео надзор во градот, пред се на самите сообраќајници, меѓутоа и безбедноста и јавниот ред и мир“, истакнува Ристески.

Бирото за јавна безбедност ги дефинира и приоритетите за 2012 година - борба против организираниот криминал и тероризмот и продолжување на реформите во полицијата со цел Македонија да биде подготвена за влез во Европа. Според оценките на стручњаците во МВР, македонската е организирана подобро од полициите во другите земји кои неодамна станаа членки на ЕУ.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG