Достапни линкови

Арапската лига ќе расправа за набљудувачката мисија во Сирија


Антивладини протести во градот Палмира во Сирија.

Антивладини протести во градот Палмира во Сирија.

Министрите за надворешни работи од Арапската лига денеска се среќаваат во Каиро да ја оценат ефикасноста на набљудувачката мисија во Сирија. Мисијата, која пристигна во Сирија на 26 декември, се најде на мета на критики дека не успеала да го запре насилството во земјата.

Сириската опозиција ја повика Арапската лига да признае дека мисијата е неуспешна и нагласи дека сириското прашање треба да им биде предадено на ОН. Сепак, од денешниот министерски состанок не се очекува Лигата да ги отповика набљудувачите од Сирија.

Катарскиот премиер Шеик Хамад бин Јасим ал-Тани, пред средбата рече дека сирискиот режим не ги исполнил условите од мировниот план на Арапската лига. Тој рече дека сириските сили не се повлекле од градовите и оти не е ставен крај на убивањето.
XS
SM
MD
LG