Достапни линкови

Повеќе вработувања - новогодишна желба на битолчани


Архивска фотографија: Работнички протести во Битола во 2009 година.

Архивска фотографија: Работнички протести во Битола во 2009 година.

Во Битола има околу 16 илјади невработени. Сите погледи годинава се вперени во индустриската зона Жабени - ќе успее ли да го заврти зарѓаното тркало на битолското стопанство?

Повеќе вработувања. Ова е претежно желбата на битолчани во новата 2012 година. Ред години наназад ова се очекувањата што ги изнесуваат граѓаните во анкетите на почетокот на Новите години. За жал, невработеноста остана рак рана на Битола, иако во извештаите на Агенцијата за вработување од година во година бројот на невработени се намалува за 1.000. Според тие проценки, сега во градот има над 16.000 лица без работа и Битола од втор град во внатрешноста по невработеност, сега е четврти на листата по Тетово, Куманово и Прилеп.
Ова беше многу тешка година, ќе ја запаметиме по сиромаштијата. За Новата 2012 година очекувам да има повеќе вработувања и Владата да дава повеќе пари за пензии.

И покрај ваквата математика, битолчани сметаат дека на градот му се потребни уште работни места и поголема економска моќ на граѓаните.

„Ова беше многу тешка година, ќе ја запаметиме по сиромаштијата. За Новата 2012 година очекувам да има повеќе вработувања и Владата да дава повеќе пари за пензии.“

„Очекуваме повеќе работа за младите, здравје и радост.“
Дигитален приказ на индустриската зона Жабени кај Битола. Ќе го заврти ли зарѓаното тркало на битолското стопанство?

Дигитален приказ на индустриската зона Жабени кај Битола. Ќе го заврти ли зарѓаното тркало на битолското стопанство?


„Не очекувам ништо мислам дека ќе се тера по старо.“

„Да се надеваме дека ќе се отворат нови работни места и дека ќе се подобри финансиската состојба на жителите“, велат битолчани.

Ако се анализираат статистичките податоци од Агенцијата за вработување, загрижува фактот што дури 56 проценти од невработените лица се во најработоспособната возраст од 20 до 50 години. Други 25 проценти од лицата без работа ги сочинуваат граѓани кои се претежно стечајци на возраст од 50 до 60 години кои работниот ангажман го изгубиле уште за време на транзицијата.

Годинава конечно ќе го даде одговорот колку индустриската зона Жабени ќе го заврти зарѓаното тркало на битолското стопанство и ќе ја излекува Битола од невработеноста.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG