Достапни линкови

Димас - Грција ќе остане во обединетата Европа и во еврозоната


Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Димас.

Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Димас.

Грција ќе остане во обединетата Европа и во еврозоната, иако се наоѓа во многу тешка состојба, изјави грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Димас во интервју за весникот „Вима“.

Димас, кој е и потпретседател на конзервативната партија Нова демократија, вториот по големина партнер во актуелната владина коалиција, во интревјуто апелира до јавноста да и даде целосна поддршка на Владата во справувањето со должничката криза.

Тој нагласува дека и покрај сите претходни најави, Нова демократија сепак ќе го поддржи договорот за исплата на нова помош за Грција, постигнат за време на самитот на еврозоната лани во октомври.

Со договорот, од Грција се бара спроведување на дополнитени мерки на штедење како услов за доделување нова помош. Претставници на Нова демократија во изминатиов период се изјаснуваа против усвојување нови мерки за штедење пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, кои најверојатно ќе се одржат кон крајот на април или во мај.
XS
SM
MD
LG