Достапни линкови

Албанија ќе стипендира и студенти Албанци од Македонија


Албанскиот премиер Сали Бериша.

Албанскиот премиер Сали Бериша.

Албанскиот премиер Сали Бериша најави дека Албанија од посебен Фонд ќе доделува стипендии за школување надвор од земјата на студенти од Косово, Македонија и од дијапсората, односно „на секој Албанец во светот, кој ќе се запише на некој од престижните универзитети“.

„Во текот на 2013 година од овој фонд ќе профитираат најмалку 300 студенти. Растот на бројот на овие студенти треба да биде примарна наша обврска. Треба да сториме се од овој фонд средства да добијат и Албанци од Косово, од Македонија, дијаспората и секој Албанец каде и да е“, изјави Бериша.

Досега од овој Фонд формиран од страна на владата, 67 студенти добиле стипендии за школување на престижни универзитети надвор од земјата.
XS
SM
MD
LG