Достапни линкови

Иранските подземни нуклеарни капацитети наскоро во функција


Нуклеарната постројка Фордов во близина на Ком.

Нуклеарната постројка Фордов во близина на Ком.

Иранските подземни капацитети за збогатување ураниум „ќе бидат во функција во блиска иднина“, изјави шефот на Иранската организација за атомска енергија Фарејдун Абаси Давани. Во изјава за весникот Кајан, тој вели дека во нуклеарната постројка Фордов може да се произведе ураниум збогатен до 20 проценти.

Објектот во близина на Ком е сместен во внатрешноста на планина за да се заштити од напади.

Техеран минатата година најави дека ќе збогатува ураниум до повисоко ниво и покрај препораките од меѓународната заедница да запре со проектот. Западот се плаши дека Иран се обидува да направи атомска бомба, но Техеран негира.
XS
SM
MD
LG