Достапни линкови

Прекини со струја и непроодни патишта во неколку места во Македонија


Поради силниот ветер и врнежите од дожд и снег, денеска жителите од повисоките населени места во Прилепско, Тетовско, Гостиварско, Кумановско и во Могила беа без електрична енергија. Како што информира ЕВН Македонија, станува збор за куси прекини во снабдувањето со електрична енергија поради искршени столбови и искинати кабли. ЕВН Македонија соопшти дека сите екипи се на терен и се работи на отстранување на преостанатите дефекти.Поради снегот исто така патот кој води до десетина села кои се наоѓаат на планината Кожуф е непрооден и завеан од силните врнежи снег. Во овој регион висината на снежната покривка изнесува околу 40 сантиметри.
XS
SM
MD
LG