Достапни линкови

Во Косово каменувано возило на српски министер


Возилото на српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ денеска е каменувано во центарот на местото Дечани, додека минувало покрај насобрана група активисти на косовското националистичко движење „Самоопределување“. Во инцидентот никој не е повреден а на автомобилот е забележана помала материјална штета.Активисти на „Самопределување“ вчера се обидоа да го спречат доаѓањето на српскиот прседател Борис Тадиќ во косовскиот манастир „Високи Дечани“, каде ги минува божиќните празници.
XS
SM
MD
LG