Достапни линкови

Иран го поздрави спасувањето ирански морнари од страна на морнарицата на САД


Ослободениот ирански рибарски брод

Ослободениот ирански рибарски брод

Техеран денеска го подрави потегот на американската морнарица, која ги спаси 13-те иранци од пиратите кои го киднапирале нивниот рибарски брод. Портпарол на иранското министерство за надворешни работи оцени дека акцијата на американските сили за спасување на животите на иранските морнари е хуман и позитивен чин и сите нации треба да се однесуваат на тој начин.

Американската армија вчера соопшти дека еден од нивните воени бродови ги спасил иранските рибари по 45-дневно заробеништво од страна на пиратите, за кои се верува дека се Сомалијци.
XS
SM
MD
LG