Достапни линкови

Божиќни литургии во православните храмови, честитки од државниот врв


Милиони православни христијански верници во светот, денеска го прославуваат христовото раѓање, Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваa божикни литургии. Централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан богослужеше Златоустова литургија. Присуствуваа и претседателот Иванов, премиерот Груевски и претседателот на парламентот Вељановски. Иванов, Вељаноски и Груевски по завршувањето на литургијата на граѓаните од православна вероисповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, среќа, успех и спокојство.
По повод Божик г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со радосниот и торжествен поздрав - Христос се роди!

Во Москва, во Црквата Христос Спасителот, на богослужбата присуствуваше рускиот претседател Дмитриј Медведев, а премиерот Владимир Путин беше на богослужба во Санкт Петерсбург. Божиќни литургии, меѓу другите, се одржаа и во Витлеем, на Западниот Брег, во Александрија во Египет.
XS
SM
MD
LG