Достапни линкови

58% од Хрватите "ЗА" членство во ЕУ


Околу 58 насто од хрватите планираат да гласаат ЗА членството во Европската Унија, а 23 насто ќе се изјаснат против, покажува истражувањето на јавното мислење во Хрватска, објавено денеска. Во Хрватска, на 22-ри овој месец ќе биде одржан референдум за членството во Европската Унија.
Хрватска би требало да стане членка на Европската Унија од 1-ви јули 2013-та година, доколку помине референдумот и претходно договорот да биде ратификуван во сите 27 земји членки на ЕУ.
XS
SM
MD
LG