Достапни линкови

За иранските ајатоласи, членството во Фајсбук е грев


Еден висок ирански ајатолах, изјави за иранските медиуми дека социјалната мрежа Фејсбук е анти-исламска и оти членството во неа е грев. Да се оди на која било интернет страница која пропагира неморал, ја слабее верата и тоа не е дозволено, а членството во некоја од социјалните мрежи е грев, изјави ајатолахот. Според него, дозволени се само интернет страниците што се според религиозните критериуми и оние што не пропагираат етички неморал.

Според официјални податоци, околу 17 милиони иранци имаат Фејсбук профил и покрај строгите рестрикции од владата во Техеран. Во Иран се блокирани околу 5 милиони интернет страници, но голем број млади иранци со помош на специјални софтвери, ги заобиколуваат блокадите. Во Иран е формирана и посебна сајбер полиција за откривање на прекршителите на правилата.
XS
SM
MD
LG