Достапни линкови

Православните христијани го слават Божиќ


Милиони православни христијански верници во светот, денеска го прославуваат христовото раѓање, Божиќ.
Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваaт божикни литургии. Централното одбележување e во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан богослужи Златоустова литургија. Присуствува претседателот Ѓорѓе Иванов со сопругата и други политичари.
По повод Божик г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со радосниот и торжествен поздрав - Христос се роди!

Во Москва, во Црквата Христос Спасителот, на богослужбата присуствуваше рускиот претседател Дмитриј Медведев, а премиерот Владимир Путин беше на богослужба во Санкт Петерсбург. Божиќни литургии, меѓу другите, се одржаа и во Витлеем, на Западниот Брег, во Александрија во Египет.
XS
SM
MD
LG