Достапни линкови

Бан Ки Мун бара смирување на тензиите меѓу Иран и Западот


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун повика на смирување на тензиите меѓу Иран и Западот во врска со иранската нуклеарна програма. Тој повика на решавање на проблемите низ дијалог, оценувајки дека Иран има обврска да докаже дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели. Бан Ки Мун исто така изрази загриженост во врска со извештаите на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија во кои се наведува дека иранската нуклеарна програма има и воена димензија.

Вербалната војна меѓу Вашингтон и Техеран се интензивира деновиве со воени закани од двете страни во врска со маневрите во теснецот Нормуз, во Персискиот Залив.
XS
SM
MD
LG