Достапни линкови

Забранет алкохол во српскиот парламент


Српското Народно собрание донесе одлука да забрани конзумирање алкохол во неговата зграда, откако во медиумите се појавија информации за често опијанување на пратениците на работно место.
- „Забраната важи за сите без исклучок. Забрането е внесување, точење и конзумирање на алкохол“, изјави генералниот секретар на српскиот Парламент, Вељко Одаловиќ.
Тој нагласи дека од сега двата собраниски ресторани повеќе нема да служат алкохол, а се збранува и влез во објектите на Собранието на лица во алкохолизирана состојба
XS
SM
MD
LG