Достапни линкови

Свечено отворена Порта Македонија


Во Скопје денеска свечено беше промовиран објектот “Порта Македонија“, на која се прикажани мотиви од македонската историја, култура и традиција. На отворањето се обрати и премиерот Никола Груевски кој истакна дека “Портата Македонија“ е еден од најоспоруваните делови од Проектот “Скопје 2014“. Но, како што оцени, без противењето на неговите критичари проектот немаше да биде тоа што е. Во втората половина на годинава се очекува да биде отворен и Стариот скопски театар и отворање на Археолошкиот музеј.
XS
SM
MD
LG