Достапни линкови

Честитки по повод Божиќ


Поглаварот на Македонската православна црква господин господин Стефан во Божиќното обраќање до верниците, меѓу другото, порачува: ,,Празникот на Христовото рождество е ден во кој се потсетуваме на благовестената радосна вест за настанот случен во Витлеем, настан единствен во историјата на светот и човекот. Но, и по повеќе од две илјади години од чудесниот настан на Богораѓањето, човештвото сè уште жеднее по мир и добра волја. На светот му е потребна Христовата љубов и вистина! И нема да има мир на земјата, нема да има добра волја меѓу народите сè додека во душите и срцата наши не се роди и не заваладее Христос Господ и не се исполниме со Неговото Евангелие, наведува господин господин Стефан. Со желби за мир, спокојство, радост и разбирање, претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на парламентот Трајко Вељаноски денеска на сите православни верници во земјата и на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан им го честитаа големиот христијански празник, Божиќ.
XS
SM
MD
LG