Достапни линкови

Нова година, стара сиромаштија


За леб ќе има, а за друго...

За леб ќе има, а за друго...

Најавите за поскапување на струјата дополнително ќе го погодат буџетот на и онака сиромашните граѓани.

2011-та помина во загриженост на сиромашните дека општеството тешко ги препознава сигналите кои ги испраќаат луѓето кои се во неволја. Од проблемите кои граѓаните во Македонија најмногу ги притискаат, според истражувањата, најголем е невработеноста. После тоа разбирливо е незадоволството поради лошата материјална положба. Државата на социјалните семејства им помага, но тоа не е доволно.
Тешко за нас ќе биде, сум искочила да земам некој денар, сама се мачам, сама плетам сама се работам да продадам, да земам некој денар деца да ранам. Изработувам македонски ракотворби од монистра, чорапи, мекраме.

„Тешко за нас ќе биде, сум искочила да земам некој денар, сама се мачам, сама плетам сама се работам да продадам, да земам некој денар деца да ранам. Изработувам македонски ракотворби од монистра, чорапи, мекраме.“

„Сиве овие ладни години исто е, се тоа па тоа, ништо на подобро не оди. Пари немам, само гледам по излози, веќе неколку години така, не работам под завод сум“, велат анкетираните граѓани.

Дополнителен удар претставува тоа што од Нова година сметките за струја ќе бидат повисоки, а тоа ќе доведе до поскапување на основните животни продукти Цените на храната на светскиот пазар двојно се зголемија од 2002 до 2011 година. Просечниот граѓанин во Македонија најголемиот дел од месечниот буџет го троши токму на храната, а од тоа најпогодени се најсиромашните. Според зборовите на Душко Миновски од Министерството за труд и социјална политика, и во наредната година ќе се покаже дека оваа институција пружа надеж.
Веќе постојат одредени мерки што и во минатиот период кога првично се соочивме со рецесијата, а тоа се оние мерки за најтешката категорија, за корисниците на паричната социјална помош, за сите останати кои сепак работат треба да се снајдат во контекст на она што е нивен личен приход.

„Исклучително добро го познаваме актуелниот момент што се случува во светот и во Европската унија, се тоа тоа има своја рефлексија и врз Македонија, гледаме дека имаме мобилизација и на Народна Банка и на сите да ја пречекаме евентуалната криза која би можела да се слее. Од тој аспект значи веќе постојат одредени мерки што и во минатиот период кога првично се соочивме со рецесијата, а тоа се оние мерки за најтешката категорија, за корисниците на паричната социјална помош, за сите останати кои сепак работат треба да се снајдат во контекст на она што е нивен личен приход.“

Институциите ветија зголемување на напорите за да се обезбедат бесплатни оброци за граѓаните кои се соочиле со сиромаштија и останале без дом преку зголемување на бројот на народни кујни кој достигна 30-тина. Некои невладини организации покренаа и кампања во која ги повикаат сопствениците на супермаркети и продавници да донираат храна која ќе биде поделена на оние што немаат за јадење.

Коментирајќи ја ситуацијата, Борче Треневски, асистент на Економскиот факултет во Скопје, вели дека наредната година би можело финансиски да биде потешка за граѓаните.

„Плати за секоја индивидуа, затоа што секое семејство е посебен потрошувач, посебна комбинација на производи, ако троши основни производи ако троши транспорт и храна за да се обезбеди и ако таму имаме најголем пораст значи тие фамилии кои се најниско, како да ги наречам оние фамилии кои обезбедуваа само основни услови за живот кои имаат понизок стандард на живеење тие се најпогодени од порастот на живеење.“

Според економистите, потребни се конкретни мерки особено фокусирање на најчувствителните категории, односно невработените зошто кај нив е највисок процентот на сиромашни. Според последните податоци што деновиве ги објави Заводот за статистика, најсиромашни се лицата без никакво образование. Тие зафаќаат 62,3 отсто од вкупниот процент сиромашни кој изнесува 30 отсто.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG