Достапни линкови

logo-print

Несреќни јавни грешки


Smiling pillows, smile icon

Smiling pillows, smile icon

Секој греши. Но, повеќето од нас се срамиме од тоа што би се рекло приватно. Така не и со луѓето од јавноста, чии гафови и погрешни чекори ги полнат насловните страни. Пренесуваме дел од грешките на политичарите кои го привлекоа вниманието на јавноста во 2011 година.

На ноемврискиот самит на Г20 во Кан, домаќинот, францускиот претседател Никола Саркози и американскиот претседател Барак Обама разговараа зад затворена врата додека чекаа да почне прес конференцијата. Ниту еден од нив не забележа дека микрофоните закачени за нивните ревери биле вклучени.

Никола Саркози и Барак Обама на самитот на Г20 во Кан

Никола Саркози и Барак Обама на самитот на Г20 во Кан


Десетина новинари преку слушалки можеа да го проследат нивниот разговор кој траеше најмалку три минути и кој главно се однесувал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. ,,Не можам да го поднесам. Тој е лажго.,, му кажа Саркози на Обама кој пак, одговори:,,Преку глава ви е од него? Јас со него се расправам секојдневно.,, Ниту еден од нив тројцата не го искоментираа испадот.

*****

Ноќта откако руската полиција ги растера уличните демонстрации во Москва по парламентарните избори некој на твитер напиша сурова порака: ,,Денеска стана јасно дека личност која пишува на својот блог: партија на лопови и крадци е глупава *** овца :).


Авторот на твитот беше рускиот претседател Дмитри Медведев како одговор на опозициониот блогер Алексеј Навални кој во тој момент беше во затвор. Прес центарот во Кремљ веднаш потоа го избриша твитот со објаснување дека станува збор за грешка и оти виновникот ќе бил казнет.

*****
Доволно е да видите со сопствени очи кога костените почнуваат да цветаат во Киев, кога времето се стоплува и кога украинските жени се соблекуваат. Ќе видите таква убавина. Волшебно е.


Во јануари украинскиот претседател Виктор Јанукович имаше големи проблеми за време на говорот на Светскиот економски форум во Давос. Говорејќи за претстојното европско фудбалско првенство чии домаќини ќе бидат Украина и Полска, тој вака ги покани потенцијалните инвеститори да ја посетат Украина напролет

,,Доволно е да видите со сопствени очи кога костените почнуваат да цветаат во Киев, кога времето се стоплува и кога украинските жени се соблекуваат. Ќе видите таква убавина. Волшебно е.,,

*****

Притисокот од изборните кампањи може многу да влијае врз однесувањето на кандидатите. Во Мексико, главниот кандидат за следен претседател Енрике Пења Неито се посрамоти на Меѓународниот саем на книгата во Гвадалахара. На прашањето на репортерот кои три книги најмногу влијаеле врз него, тој целосно остана без зборови и по извесно време одговори дека имал прочитано некои делови од Библијата.

Репбликанските претседателски кандидати, Мит Ромни и Рик Пери

Репбликанските претседателски кандидати, Мит Ромни и Рик Пери


Слично нешто му се случи и на еден од водечките кандидати за американски претседател републиканецот Рик Пери кој е гувернер на Тексас. Во говорот за тоа како ќе ја намали владината администрација тој заборави што сакаше да каже.

,,И ќе ви кажам кои три агенции ќе си заминат кога ќе дојдам таму. За трговија, обрзование и која беше третата? Почекајте. Третата беше. Упс.,,

Еден друг сега поранешен републикански кандидат на републиканците за претседателската трка Херман Кеин многу се посрамоти откако во едно телевизиско интервју ја потсмеа идејата дека американкиот претседател треба да ги знае имињата на странските лидери.

,,Кога ќе ме прашаат кој е претседател на Убеки, беки, беки, стан, стан ќе им кажам дали вие знаете. Јас не знам. Како тоа ќе ни отвори повеќе работни места.,,

*****

За на крај и една групна грешка: Пеесетина професори од Шведска на 3 октомври гласаа годинашната Нобелова награда за медицина да ја добие канадскиот научник Ралф Штајнман, заедно со уште двајца други за неговата пионерска работа за имунолошкиот систем. Тие не беа информирани дека два дена претходно 68 годишниот професор починал.

Предната страна на медалот на Нобеловата награда

Предната страна на медалот на Нобеловата награда


Зашеметениот Нобелов комитет потоа соопшти дека тоа е за прв пат во 110 годишната историја на Нобеловата награда да избере победник кој веќе не е меѓу живите и да не ја испочитува долгата традиција на недоделување на наградата на оние што се починати.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG