Достапни линкови

logo-print

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик.
Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што на годинашните кумови претседателот и основач на Одборот за прослава на Бадник Борче Петрушевски и координаторот Александар Пановски ќе им биде врачен преодниот бадникарски ќуп.
Манифестацијата, вообичаено, почнува со подигање на бадникарското знаме. Архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан точно напладне со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници и ќе му го предаде ќуп на новите кумови-бадникари.
XS
SM
MD
LG