Достапни линкови

logo-print

Сопругот на Тимошенко побарал азил во Чешка


Јулија и Олександр Тимошенко

Јулија и Олександр Тимошенко

Медиумите во Чешка и агенциите Ројтерс и АФП повикувајки се на владини извори објавија дека сопругот на затворената бивша украинска премиерка побарал азил во Чешката Република. Овие известувања не се официјално потврдени. Портпаролот на чешката полиција Павел Новак изјави за АФП дека барањата за азил не се коментираат. Олександар Тимошенко 51 годишен бизнисмен, според весникот Право, побарал азил кон крајот на минатата година. Неговата сопруга Јулија Тимошенко е осудена на 7 години затвор за злоупотреби на функцијата додека била премиер во процес кој за опозицијата и Запад е политички мотивиран. Пред една година, Чешката република му даде азил и на министерот за економија во владата на Тимошенко Бохдан Даниличкин што го предизвика официјален Киев да протера двајца чешки дипломати од Украина обвинети за шпионажа во мај 2011 година.
XS
SM
MD
LG