Достапни линкови

Сириската опозиција побара помош од ОН


Сирија - посматрачи на Арапската Лига

Сирија - посматрачи на Арапската Лига

Сириската опозиција побара од ОН да им помогнат на посматрачите на Арапската Лига на теренот во обид да се стави крај на десет месечното насилство во земјата.
Катарскиот премиер кој го предводи Комитетот на Арапската Лига за Сирија изјави дека посматрачите направиле некои грешки но дека нема да бидат повлечени.
Во меѓувреме Дамаск објави дека се ослободени 500 затвореници кои беа затворени при последните протести. Минатиот месец беа ослободени 700 затвореници. Според опозицијата во Сирија има уште 10 илјади затвореници.
XS
SM
MD
LG