Достапни линкови

Јолевски најавува интензивно лобирање во САД


Зоран Јолевски

Зоран Јолевски

Македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски најави интензивно лобирање во американската влада, Конгресот и невладиниот сектор пред самитот на НАТО во Чикаго во мај. ,,Подготвени сме да влеземе во Алијансата на начинот на кој досега влегувавме во другите меѓународни организации,, изјави Јолевски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. Тој очекува Грција да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Јолевски го информирал посредникот на ОН Метју Нимиц дека Македонија е подготвена да ги продолжи разговорите за името за да се најде решение што ќе го почитува идентитетот и достоинството на македонскиот народ. Тој посочува дека е во постојан контакт со Нимиц и оти средбата во Њујорк на 16-ти и 17-ти јануари не е неочекувана.
XS
SM
MD
LG