Достапни линкови

Обама ја претстави новата воена стратегија


Претседателот Барак Обама во Пентагон ја претставува новата стратегија за американската армија.

Претседателот Барак Обама во Пентагон ја претставува новата стратегија за американската армија.

Претседателот Барак Обама денеска ја претстави новата стратегија за американската армија. Со стратегијата се предвидува намалување на копнените сили и поголем акцент на азиско-пацифичкиот регион.

„Ќе го зајакнеме нашето присуство во азиско-пацифичкиот регион и буџетските кратења нема да одат на сметка на овој критичен регион. Ќе продолжиме да инвестираме во нашите критични партнерства и сојузи, вклучително и НАТО, што покажуваше и покажува, последен пат во Либија, дека ја мултиплицира силата. Ќе останеме будни, особено на Блискиот Исток“, рече Обама.

Тој рече дека со тек на времето војската ќе се преобликува.

Новата политика ќе ја нагласи борбата против тероризмот, спречување на ширењето на нуклеарното оружје, заштита на САД и одвраќање и поразување на секој можен агресор.
XS
SM
MD
LG