Достапни линкови

logo-print

Американски сенатори загрижени за поранешниот пакистански амбасадор во САД


Поранешниот пакистански амбасадор во САД Хусаин Хакани.

Поранешниот пакистански амбасадор во САД Хусаин Хакани.

Американските сенатори Џон Мекејн(републиканец), Џозеф Либерман(независен) и Марк Кирк(републиканец) издадоа заедничка писмена изјава како реакција на извештаите за вознемирување и малтретирање на поранешниот пакистански амбасадор во САД Хусаин Хакани. Во изјавата се наведува дека сенаторите се „многу вознемирени од третманот на амбасадорот Хакани по неговото враќање во Пакистан, како и од забраната за патување што му е наметната“. Сенаторите бараат од пакистанските власти да го решат ова прашање „брзо и во согласност во владењето на граѓанското право“.

Врховниот суд на Пакистан му забрани на Хакани да ја напушта земјата додека е под истрага дека тој е извор на меморандумот што беше објавен во медиумите, според кој пакистанските цивилни власти бараат американска помош да спречат можен воен удар во земјата, за што наводно биле подготвени на отстапки.
XS
SM
MD
LG