Достапни линкови

Карзаи најави дека Авганистан ќе преземе контролата врз затворот Баграм


Затворот Баграм.

Затворот Баграм.

Затворот Баграм, кој моментно е под контрола на меѓународните сили, ќе им биде предаден на авганистанските сили за еден месец, соопштува кабинетот на претседателот Хамид Карзаи. Според соопштението, Карзаи дал наредба за преземање на контролата врз затворот, откако добил извештаи за „многу случаи на прекршувања на авганистанскиот Устав, законите, меѓународните конвенции и човековите права“.

Затворот Баграм се наоѓа во состав на воздухопловната база Баграм, најголема американска воена база во земјата. Меѓу другите, таму се сместени озлогласени терористи и припадници на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG