Достапни линкови

Обвинителството бара смртна казна за Мубарак


Мубарак присуствува на судењето во болнички кревет.

Мубарак присуствува на судењето во болнички кревет.

Египетското обвинителство побара смртна казна за поранешниот претседател Хосни Мубарак. Обвинителoт Мустафа Хатер пред судот изјави дека законот предвидува смртна казна за убиство со предумисла.

Главниот обвинител Мустафа Сулејман изјави дека „прашањето не е едноставно дали Мубарак наредил убивање на демонстрантите, туку и да се знае зошто не интервенирал да ги спречи насилствата“.

Болниот 83-годишен Мубарак е обвинет за репресии против демонстрантите, во кои според официјални податоци се убиени повеќе од 800 луѓе.

Мубарак веќе се изјасни за невин.

Судењето почна на 3 август. Процесот ќе продолжи на 9 и 10 јануари.
XS
SM
MD
LG