Достапни линкови

Нови обвиненија за корупција против Олмерт


Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт.

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт.

Подигнати се нови обвиненија за корупција против поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт, јавуваат израелските медиуми. Тој е обвинет за барање мито во серија проекти за недвижнини додека бил градоначалник на Ерусалим, пред 2006 година.

Олмерт ги негира обвинувањата.

Нему веќе му се суди за друг случај на корупција.

Неговата тридецениска кариера ја одбележаа бројни сомнежи за корупција, но никогаш не беше осуден. Сепак, под притисок на јавноста во 2009 година се повлече од премиерската фотелја.
XS
SM
MD
LG