Достапни линкови

logo-print

Јосиповиќ - Смртта на Глигоров е загуба за Македонија, но и за Европа


Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ.

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ.

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ денеска се запиша во книгата на жалост отворена во македонската Амбасада во Загреб по повод смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров.

Како што соопштија од македонската амбасада во Загреб, во пораката Јосиповиќ истакнал дека името на претседателот Глигоров, првиот претседател на независна и самостојна Република Македонија, трајно ќе остане запаметено поради неговата борба за правата на човекот, слободата и демократијата. Истакнувајќи дека Глигоров бил голем пријател на Хрватска, Јосиповиќ посочува дека неговиот огромен придонес во сите подрачја на политичко дејствување, особено во демократските промени на македонската држава, ќе остават длабока трага во поновата македонска историја и затоа неговата смрт е голема загуба за Македонија, за целиот регион, но и за Европа.

Освен членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Хрватска, како што информираат од македонската амбасада во Загреб, своето сочувство за смртта на Глигоров, во изминатите два дена го искажале и поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ и министерката за надворешни и европски работи Весна Пусиќ.
XS
SM
MD
LG