Достапни линкови

logo-print

Техеран - Западот води економска војна против Иран


Министерот за економија на Иран Шамседин Хосеини.

Министерот за економија на Иран Шамседин Хосеини.

Иран соопшти дека со санкциите Западот води економска војна против Техеран, откако дипломати од ЕУ рекоа дека постигнале прелиминарен договор за ембарго на увоз на нафта од Иран.

Министерот за економија Шамседин Хосеини изјави дека „непријателите на режимот во исламската република“ не биле во можност „да ја нацијата, а сега сакаат да ја заробат економијата“.

Други ирански претставници, пак, го потценуваат влијанието од ова европско ембарго велејќи дека побарувачката за иранска нафта е толку голема што нема да имаат проблем да ја продадат на друго место.

Францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе изјави дека одлуката за забрана на увоз на иранска нафта во ЕУ може да биде донесена на министерскиот состанок на 30 јануари.

САД ги поздравија овие најави од ЕУ.

Иран извезува 18 отсто од сопствената нафта во ЕУ, со што Унијата е втор најважен пазар на Техеран по Кина.
XS
SM
MD
LG